06:51 - 7 ноември, 2026

Ружица од „Ареа“ со апел поради кризата во Гостивар: „Што ќе се случи со илјадниците пластични шишиња?“

Пејачката Ружица Брчиоска од групата „Ареа“, која живее во Гостивар, се огласи на социјалните мрежи поради актуелната криза со загадената вода за пиење во градот. Освен што ја поздрави дистрибуцијата на чиста вода за граѓаните, таа предупреди и на уште еден проблем кој, според неа, не смее да се занемари – големото количество пластичен отпад што секојдневно се создава.

Брчиоска посочи дека жителите во моментов зависат од флашираната вода, но праша што ќе се случи со илјадниците празни пластични шишиња кога кризата ќе заврши.

„Чистата вода што се дистрибуира до гостиварчани е добредојдена, поточно само со неа деновиве функционираме, но што ќе се случи со илјадниците празни пластични шишиња што сега се собираат во домаќинствата и кои по завршување на кризата со загаденава вода (посакувам што побрзо да заврши) ќе се расфрлаат насекаде?“, напиша таа на Инстаграм.

Во својата објава, пејачката предлага уште сега да се организира систем за собирање на пластичниот отпад преку посебни пунктови, со цел да се спречи дополнително загадување на животната средина.

„Би требало уште сега да се спроведе акција за собирање на пластика на одредени пунктови, зашто многу лесно, знаејќи си ја културата, шишињата може да се најдат во Вардар и да предизвикаме ново загадување на животната средина. Дали општината има некаков план за ова, а ако не – тогаш еколози, ајде вклучете се, предлагајте!“, порача Брчиоска.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....