13.8 C
Скопје
11:33 - 18 октомври, 2026

Ѓоковиќ се повлече од ждрепката! Дефинитивно, уште една рампа за Новак: Американските власти не попуштаат да влезе во земјата

Официјално е! Новак Ѓоковиќ нема да игра на Мастерсот во Индијан Велс, тој се повлече од ждрепката, потврдија и организаторите на турнирот.

Светскиот тенисер број еден не дочека до последен момент, се повлече од Мастерсот пред ждрепката, бидејќи американските власти не му дозволија да влезе во земјата бидејќи не бил вакциниран против коронавирусот.

Оваа недела започнува АТП турнирот 1.000 во Индијан Велс, а потоа следува Мастерсот во Мајами, кој Ѓоковиќ сигурно ќе го пропушти доколку американските власти не се предомислат.

Новак Ѓоковиќ четврта година по ред нема да игра на првиот Мастерс во сезоната – Индијан Велс. Него на турнирот ќе го замени Николоз Басилашвили.

Соединетите Американски Држави се уште не дозволуваат влез на невакцинирани странци во земјата, а таа одлука дефинитивно треба да биде укината на 11 мај.

Новак Ѓоковиќ испрати барање за посебно ослободување, за да може да игра на Мастерсот, ја доби поддршката на УС Опен, но правилата беа непопустливи.

– Новак Ѓоковиќ е еден од најголемите шампиони што ги видел нашиот спорт – пишуваше на официјалниот Твитер профил на УС Опен, но ниту тоа не помогна.

Ѓоковиќ на почетокот на 2022 година беше депортиран од Австралија бидејќи не беше вакциниран, а од истата причина минатата сезона не играше во Индијан Велс и Мајами, потоа во Канада, Синсинати и УС Опен. Српскиот тенисер доминантно ја стартуваше 2023 година со освојувањето на Австралија опен 2023, што е негова 22. Грен слем титула, додека минатата недела застана во полуфиналето на Дубаи. Ќе видиме дали Новак ќе игра на некои други турнири во текот на март или ќе се подготвува за сезоната на земјени терени.

 

Слични објави

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо
Се вчитува....