18:59 - 7 ноември, 2026

Во спомен на Марин Бабиќ се враќа музичкото шоу „Глумците пеат“

Манифестацијата „Глумците пеат“ се враќа на сцената по повеќегодишна пауза.

Враќањето на овој исклучително популарен проект е во чест на неодамна починатиот актер Марин Бабиќ кому ова му беше животен проект.

Зад враќањето на шоуто на сцената стојат неговите ќерки.

„Со многу возбуда, емоции и ентузијазам, онака како што пред 31 година татко ми ја започна приказната наречена Глумците ПЕАТ, најавуваме враќање на ова шоу, што го празнува театарот и глумците. Во спомен на Марин Гермов Бабиќ, но и како желба на многумина кои ги паметат Глумците пеат, со сестра ми Маја одлучивме да ги вратиме и да им дадеме повторно живот“, објави Ира.

Режијата е на Дејан Пројковски, а се најавува многу добра музика и многу забава.

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....