05:25 - 29 ноември, 2026

(Фото) Ѕирнете зад ѕидовите на вилата на Карлеуша од 2,5 милиони евра: Рајска градина, базен и електрична ограда

Музичката ѕвезда Јелена Карлеуша е сопственичка на вила вредна два и пол милиони евра, а српски „Информер“ пренесува ексклузивни фотографии позади ѕидовите на оваа луксузна вила во Сењак.

Претходни сопственици на еден од најубавиот имот во Белград беа контроверзниот бизнисмен Андрија Драшковиќ и тренерот на српската фудбалска репрезентација, Драган Стојковиќ Пикси. Вилата се простира на три ката, има дури 10 бањи, како и гардеробер со големина од 250 метри квадратни.

Фотографиите од луксузната вила моѓете да ги погледнете ТУКА.

Куќата е опкружена со специјално дизајнирана медитеранска градина, каде што поп-дивата и нејзините ќерки, Атина и Ника , наоѓаат апсолутен мир. Има и нереален поглед на Кошутњак и борови шуми, како и огромен базен.

Посебно внимание беше посветено и на безбедноста. Иако областа во која живее Јелена се смета за една од најбезбедните, нејзиниот дом е обезбеден со дваесет и четири часовно обезбедување, најнов безбедносен систем, аларми и видео надзор, како и електрична ограда.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....