21:00 - 28 ноември, 2026

(Фото) Згодната српска актерка провоцира: Ги покажа облините во бикини, задникот во преден план

Српската актерка Оља Левиќ (34) го привлече вниманието на јавноста со улогата на Мила во серијата „Игра на судбината“.

Оља е многу активна на социјалните мрежи, каде што секојдневно споделува детали од својот приватен живот, а сега покажа како ужива подалеку од градската врева, на планината Тара.

Имено, актерката објави провокативни фотографии од споменатата дестинација на својот инстаграм-профил.

Актерката носела црн костим за капење со огромен изрез на стомакот, а позирала покрај базен, така што нејзиниот задник бил во преден план.

Оља потоа се фотографирала како лежи настрана, покажувајќи ја целата своја фигура, а потоа објавила фотографии во бикини, како и од ноќното пливање.

Актерката Оља Левиќ имаше една од главните улоги, и иако ликот на Мила беше обожаван од сите, таа повеќе не е дел од овој тим.

– Известување: Драги пријатели, особено вие што бевте со нас секоја вечер и со нетрпение нè очекувавте, морам да ве известам… Мислам дека е време да се збогувам со мојата Мила и патувањето наречено „Игра на судбината“ – напишала таа тогаш на Инстаграм.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....