00:37 - 9 ноември, 2026

(Фото) „Зарем се става тенџере на маса за слава!“: Неда Украден го прослави Архангел Михаил, па ја искритикуваа

Познатата пејачка Неда Украден беше меѓу многуте познати личности кои го прославија големиот празник Архангел Михаил.

Откако на својот инстаграм-профил објави неколку фотографии од празничната атмосфера со семејството, таа наиде на критики поради тенџерето со сарма на масата.

Меѓутоа, пејачката не пропушти да покаже колку е среќна што живее заедно со ќерката Јелена и нејзиниот зет за кој тврди дека е „најдобриот на светот“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Neda Ukraden (@neda.ukraden)

На фотографиите во преден план се и внуците – Неда и Александра (11) се близначки, и Душан кој се роди две години подоцна. Семејството уживаше во празничниот ручек, каде – според традицијата – се служеше руска салата и сарма.

Сигурно Неда била главна во кујната, бидејќи се знае дека обожава да готви и особено внимава на здравата исхрана. Но, начинот на кој беше поставена празничната трпеза предизвика критики и кај домаќинките кои го сакаат совршенството.

„Кога е специјална гастрономска пригода, можеше да ставиш убав чаршав, платнени салфетки и убав сад со храна, наместо да протресеш огромно тенџере на масата и да ја извадиш храната од него… Ехх Недо, Недоо !!! “, 1 напиша една обожавателка..

Други, пак, повеќе внимаваа на атмосферата на самата прослава, па ѝ го честитаа на Неда големиот празник и ѝ посакаа да слави уште долго во ваква мирна семејна средина.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....