10:38 - 29 ноември, 2026

(Фото+видео) Вељко и Богдана во љубовен занес: Интимни фотографии од синот и снаата на Цеца

Младиот боксер, син на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, Вељко Ражнатовиќ, ужива во зимската идила со семејството на Копаоник.

Друштво му прави сопругата Богдана, а во моментите кога нивните синови спијат, брачниот пар наоѓа малку време за одмор.

Вељко и Богдана покажаа како го поминуваат времето во доцните часови. Тие уживале во отворениот базен на познат хотел на Копаоник, каде се капеле во топлиот базен на минус температура надвор.

Вељко силно ја прегрнала сопругата одзади, па направија селфи, кое потоа го сподели на својот инстаграм-профил.

Освен тоа, младиот спортист покажа дека зимата и снегот не му можат ништо.

 


Во еден момент излегол од водата, се облекол само во костим за капење, а потоа се тркалал во снегот, па потоа повторно се вратил во топлиот базен.

Инаку, Богдана и Вељко веќе неколку дена уживаат во зимската идила на Копаоник. Слободното време го поминуваат забавувајќи се во зимски спортови – скијање, лизгање, но и мавање со снежни топки и правење зимски фигури со своите синови.

Слични објави

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.
Се вчитува....