22.8 C
Скопје
16:35 - 29 септември, 2026

(Фото + видео) Огњен Амиџиќ и бремената Мина Наумовиќ фатени заедно: Таа се криела од фотографите, а тој покажал колку е грижлив

Водителот Огњен Амиџиќ и неговата бремена сопруга Мина Наумовиќ Амиџиќ уживаат во љубовта, па се трудат да го искористат секој слободен момент заедно.

Во моментов во српските кина се прикажува филмот за легендарниот пејач Џеј Рамадановски, чија премиера се одржа пред неколку дена. Така познатиот водител и неговата сопруга решиле да го гледаат филмот „Недела“ за животот на споменатиот пејач.

Двајцата пристигнале заедно, Мина била облечена во долга црна јакна, а на главата имала голема качулка за никој да не ја препознае.

Таа веднаш отишла да седне во ходникот, додека Огњен чекал во ред за да земе пијалок и грицки.

Фотографиите и видеото од вљубениот пар можете да ги погледнете ТУКА.

Мина неодамна преку Инстаграм откри дека е бремена во деветтиот месец и откри дека ќе роди ќерка.

Слични објави

(Фото) Семејна идила – Тања Савиќ ужива со Муки, братот и снаата во Белград

Еспресо

„Ќе заминам на планина и повеќе нема да ме видите“: Адам Адактaр ги изненади сите

Е.А.

(Фото) Моделот Елена Ѓорговска „растури“ на Октоберфест — во баварска носија наздрави со пиво наместо со шампањ

Еспресо

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.
Се вчитува....