17.2 C
Скопје
02:49 - 20 јуни, 2026

(Фото+видео) Мадона и Марина Абрамовиќ рака под рака на перформансот на синот на поп кралицата

Кралицата на попот, Мадона беше горд родител пред некоја вечер, гледајќи го перформансот на својот најстар син Роко Ричи.

Посетителите, меѓу кои се истакнала познатата српска визуелна уметница Марина Абрамовиќ,  сведочеле на оваа уникатна манифестација.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)


Роко Ричи во необичниот перформанс, насликал гола манекенка на неговата уметничка изложба во Милано, одржана во неделата. Гордата Мадона сподели видео од настанот.

Роко (23) одржа заедничка изложба со Луиџи и Јанго, италијанско модно фотографско дуо кои, во текот на годините, снимија голем број познати личности  – вклучувајќи ја и Мадона.

Младиот уметник Роко ѝ пришол на американската манекенка Линли Ајлерс, додека пушел цигара. Тие застанале на малата сцена опкружени со свеќи и оркестар. Линли потоа му ја зела цигарата и тој почнал да го слика нејзиното целосно голо тело, освен белата основа, со црвена, жолта и сина боја.

Мадона, никогаш посреќна, изрази благодарност до српската уметница Марина Абрамовиќ, која присуствуваше на настанот, објавувајќи фотографија на која позираат заедно. Кралицата на попот ги одушеви присутните со поддршката што му ја пружи на својот син, а на себе имаше одличен стајлинг. Мадона носела црн корсет, долги црни латекс ракавици и црни очила за сонце инспирирани од 20-тите години, во комбинација со мини здолниште со длабоко деколте и „опашка“ на страна. Изгледот го комплетирала длабоките кожени чизми и мрежести чорапи.

Марина Абрамовиќ го облекла својот препознатлив црн капут и крзнениот елек над едноставна црна облека. Изразениот црвен кармин и пуштената црна коса придонесле за нејзиниот препознатлив уметнички стил. Фотографијата на кралицата на попот и српската уметница предизвика лавина позитивни коментари.

Мадона сподели дел од атмосферата со симпатичен натпис:

„Магична вечер во Палацо Реале! Изложбата беше неверојатна. Гледањето на мојот син Роко како слика модел во живо беше навистина магично искуство додека музичарите ја свиреа „Болеро“ на Равел. Момент кој никогаш нема да го заборавам! Браво“, напиша пејачката во објавата.

Слични објави

„Кариерата ѝ назадуваше, тоа ѝ влијаеше на психата“ – другарот на Мина Костиќ откри што се случува со пејачката

E.A.

(Фото) Дани на две романтични патувања со сопругот — од дождливата Прага на море

Еспресо

(Фото) Српската џетсетерка на исто место со кралот Чарлс и кралицата Камила: На себе носи ѓердан од 12.000 евра

Еспресо

(Видео) „Михаела“, нова балада на Влатко и Златко Миладиновски, инспирирана од вистинска приказна

msp-admin

Маја Шупут откри дали новата песна е посветена на Шиме

Еспресо

Откриено колку пари се вложени во Јаков Јозиновиќ: Пејачот зема убава сума, а менаџерите „дебело“ заработуваат

Еспресо
Се вчитува....