23:18 - 19 август, 2026

(Фото) Том Круз и поранешната девојка на Бен Афлек фатени повторно заедно!

Холивудската мега ѕвезда Том Круз (62) е „уловен“ повторно во друштво на 36 години помладата актерка Ана де Армас.

Веста дека Том Круз и неговата помлада колешка се во врска се најде на насловните страници пред точно два месеци, а сега повторно се видени заедно, додека тој на новите фотографии изгледа како тинејџер – до толку се подмладил!

Том Круз и Ана де Армас биле видени пред три дена на хелиодромот во Лондон. Актерот како главно превозно средство користи хеликоптер, а на истата локација се појавиле и ден претходно.

Тие изгледале многу расположено, а Том Круз изгледал и многу младешки.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)


Инаку, Том Круз зад себе има три брака –  со Кејти Холмс, со Никол Кидман, а пред тоа беше во брак со Мими Роџерс.

Се шират гласини дека сега го освоила Ана де Армас или дека не можела да одолее на неговиот шарм, иако има и наводи дека се работи за професионална соработка и пријателство.

Американско-кубанската актерка Ана де Армас ги пофали каскадерските вештини на Том Круз за „УСА тудеј“ во 2023 година и нагласи дека иако не е на негово ниво во таа вештина, совршено разбира зошто „тој го прави тоа“, мислејќи на фактот дека Круз речиси никогаш не користи помош од каскадери.

Том Круз се подготвува за премиерата на „Mission: Impossible – The Final Reckoning“ закажана за 23 мај, додека Холивуд наголемо зборува за неговата потенцијална врска со Ана, со која исто така беше забележан во Лондон во февруари.

Тие тогаш биле во еден познат лондонски ресторан и љубезно се фотографирале со обожавателите кои ги опкружиле. По вечерата заедно тргнале со такси, носејќи ќеси со храна.

Том Круз имаше турбулентна 2024 година кога беше во прашање љубовта, а имаше и романса со Русинката Елсина Каирова.

 

 

Слични објави

(Видео) „Пукна тиквата“: Девојката му раскина на Душко Тошиќ поради роденденот на Јелена Карлеуша

Еспресо

(Фото) „Кога ќе се спојат две „берби ’63“: Дарио сподели интересна приказна со Игор Џамбазов

Еспресо

(Фото) Сопругата на Биковиќ и ќерката на Чолиќ уживаа во ноќно излегување – се појавија во атрактивни модни комбинации

Еспресо

(Фото) Посебен ден во домот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ: Мајка му објави досега невидена фотографија од него

Еспресо

(Фото+видео) Евче покажа како си поминала на концертот на Кети Пери и Луис Капалди

Еспресо

(Фото) Вратете ја природата во домот со уникатниот мебел на Wood Room

Еспресо
Се вчитува....