11.8 C
Скопје
07:11 - 30 септември, 2026

(Фото сторија) Во село Добрушево сè е толку добро и со душа, па така и дворот на Марина

Марина Ацевска Филиповска завршила средно економако училиште во Битола, а живее во живописно село Добрушево, во областа Пелагонија, во околината на градот Битола.

Според легендата, името на селото се поврзува со тоа што прв во месноста се населил некојси Добруш. По него, подоцна било именувано селото.

Љубовта кон цвеќето ја наследила од мајка си, фото – приватна архива

Со одгледување на цвеќиња се занимава уште од малечка.

– Тоа сум го наследила од мајка ми, уште како мала се врткав околу неа кога ке ги расадуваше и одгледуваше цвеќињата, па така продолжив и јас – ни вели Марина.

За уредување на дворот задолжени се двајцата сопружници, но бидејќи Марина е послободна, таа посебно и повеќе е посветена на оваа убавина.

Дворот е прилично голем, се простира на околу 800 квадратни метри. Изобилува со најразлични цвеќиња, од сурфинии, петунии, најразлични видови сардели, темјанушки, медарчиња, трендафили, рози…ах, кој да ги изнаброи!

– За оваа работа треба доста време, доста посветеност и се разбира многу љубов кон растението. Секој ден по неколку часа се грижам за нив, ги наводнувам, ги прихранувам, расадувам…-објаснува нашата цветна дама.

За сончевите дворови, каков што е овој, најмногу успеваат сурфиниите, петуниите, но и едно од најубавите пролетни цвеќиња – вербената. Тука има бројни повеќегодишни и сезонски цвеќиња – темјанушките, хризантемите, џунџулето…, и сите го сакаат сонцето и нежната рака на Марина.

– За под сенка, за на балкон одлични се импатијата или винката, хибискусот, а некако и сарделите се многу поубави под сенка, но можат и на сонце – објаснува Марина.

Нејзин најголем предизвик е дворот да изгледа уреден, чист и се што е во него да биде негувано и со многу љубов одгледувано бидејќи, како што вели Марина, ако се нема желба, нема ни успех.

За крај ова е градинарскиот совет од нашата соговорничка за сите оние кои сакаат да се охрабрат и да почнат да се занимаваат со одгледување цвеќе.

– Прво треба да се има желба и доста слободно време, за почеток може да се почне со одгледување на сардели, и јас почнав со нив, тие се некако поотпорни на временските услови – низ насмевка охрабрува Марина.

Инаку, Марина е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во овие добродушни фотографии од село Добрушево, од дворот на добрата, вредна Марина. 

Фото- приватна архива 

(Фото сторија) Бугенвилиите од Будинарци, секое цвеќе си носи своја приказна во дворот на Дијана Касмска

 

Слични објави

Малкумина знаат дека мајката на Реља Поповиќ била позната уметница: по смртта на татко му се омажила за славен актер

Еспресо

Тигар направи необичен договор со ќерката на Јована Јеремиќ: „Ако ѝ пријде маж, јави ми се“

Еспресо

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо
Се вчитува....