12.8 C
Скопје
11:18 - 21 април, 2026

(Фото сторија) Дворот од басна на г-ѓа Баснаркова на двестотини квадратни „страници“

Денес разговараме со прекрасната цветна дама Јана Баснаркова, жена со презиме кое го оправдува епитетот (басна) на дворот за кој се грижи и кој го уредува.

Јана живее во село Ваташа – село кое граничи со градот Кавадарци, во областа Тиквеш, а површината на семејниот двор зафаќа околу двестотини квадратни метри.

Од семејството Баснарковски нè известија дека за убавината на нивниот двор најзаслужна е токму – Јана.

Таа е пензионерка, а до неодамна аботела како шивачка во една конфекциска компанија. Со одгледување на цвеќиња се занимава долго време, околу 15-на години. И отксекогаш и биле најомилена работа.

– Одговорноста за дворот ја имаме сите во нашата куќа, но најмногу посветени околу цвеќињата и уредувањето сме јас и мојата снаа – ни открива Јана и додава дека „колку повеќе му посветувате внимание на дворот – толку ќе биде поуреден“.

Во дворот доминираат бонбонките, петуниите, џунџулињата, винките, бегонијата, темјанчето, кактусите…Вистински рај за очите! Но овој рај си бара посветеност и тоа најмалку два часа во текот на денот. Јана пак, вели дека тие два часа веднаш ѝ поминуват, тука, меѓу оваа убавина, грижејќи се за неа, дури и тогаш кога е многу уморна.

– Секое утро ги наводнувам како и секоја вечер после 21 часот. Со љубов ги гледам и тие ми враќаат со иста мера – вели Јана.

Таа советува дека за оние кои имаат дворови изложени на сонце, најпогодни за одгледување се бонбонката, џунџулето, викната и темјанчето, додека за балкони идеална е петунијата и сарделата.

Што се однесува до предизвикот поврзан за дворот, за Јана тоа е дворот секогаш да ѝ биде чист и уреден бидејќи – како што вели – „со самиот поглед во цвеќињата и уживањето во дворот со најблиските ме прави да сум среќна и исполнета“.

Стигнуваме до советот од Јана за сите оние кои сакаат да почнат да се занимаваат со одгледување цвеќе.

– Најпрво треба да се има огромна желба и слободно време затоа што секое цвеќе си бара посебно негување и внимание. Јас, како за почеток, почнав со бонбонката, затоа што ми е омилено цвеќе, а ккао поминуваат годините дворот го надополнував со повеќе видови цвеќиња – заклучува таа.

Инаку, снаата на Јана, Пепа Баснаркова, е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во фотогалеријата од дворот – басна на семејство Баснаркови.

Фото – приватна архива

(Фото сторија) Каква убавина „на чекор“ од Кавадарци! Градина и бавча за восхит на пензионерката Павлина

Слични објави

Мелина го „баталила“ факултетот поради Харис – модната дизајнерка била одлична студентка, а еве што студирала

Еспресо

(Фото) Ќерката на Велевска стана полнолетна: Софија е убава на мама

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ и Јелена Розга направија шоу во Белград, целиот Балкан зборува за нивниот настап во „Сава центар“

Еспресо

(Фото) Урбана и секси: Дани Димитровска со нов имиџ

Еспресо

Хороскоп за 21 април: Овните ќе имаат лоша деловна проценка, Лавовите ќе се изразат креативно

Еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ позираше без шминка и босонога и покажа каков педикир избира оваа пролет

Еспресо
Се вчитува....