25.8 C
Скопје
17:08 - 28 април, 2024

Том Круз обвинет за злосторства против човештвото: „Промовира опасна секта која го уништи и моето семејство…“

Топ Ган: Маверик одлично поминува на кино благајните, но врз Том Круз (60 години во јули) виси тешко обвинение. Две актерки – Леа Ремини и Клер Хедли – дадоа многу силни изјави за него, но и за  скиентологијата, движење со кое холивудскиот актер е поврзан веќе долги години.

Се започна пред неколку дена со објавата на Фејсбук на Клер Хедли. Актерката – поранешен член на скиентологијата – напиша:

„Воодушевена сум што сите вие, обожаватели на Топ Ган, уживате во новиот филм. Лично, неодамнешните објави на овој нов филм само ме потсетуваат на Том Круз и неговите злосторства против човештвото“.

Набргу потоа, Хедли ја објасни причината за оваа изјава: „Дали мислите дека ова е екстремен говор? Уништувањето семејства е злосторство против човештвото, според мене. Запрашајте се: кога последен пат Том разговарал со својата единствена биолошка ќерка Сури? Се сеќавате на Кејти Холмс и нејзините екстремни напори да се ослободи од неговата контрола и од скиентологијата?“

Навистина, се чини дека односите на актерот со неговата ќерка родена во 2006 година од бракот со Кејти Холмс се сведени на нула во последните осум години.

Многумина велат дека причината за ова отстранување на сопствената ќерка од неговиот живот лежи токму во наметнувањето од страна на организацијата на која ѝ припаѓа. И од која поранешната сопруга Кејти Холмс сакаше да побегне веднаш штом поднесе барање за развод.

Кога го прашале за ова, Том Круз (кој според Сан повторно е сингл, по завршувањето на врската со Хејли Атвел) зборувал за Изабела, ќерката посвоена со Никол Кидман. Зашто? Пред неколку години таа изјавила: „Мојата среќа му ја должам на тој што ме воведе во овој свет“.

Изабела, всушност, се приклучила на црквата основана во 1954 година од писателот Роналд Хабард, а сега предводена од Дејвид Мискавиџ, по примерот на нејзиниот посвоител – Том Круз.

Но, постот на Клер Хедли продолжува.

„Том Круз промовира опасна секта која го уништи и моето семејство, истата секта која за малку ќе ме чинеше развод на бракот, но и живот. Истата секта што ме принуди двапати да абортирам и од која избегав во 2005 година само со облеката што ја носев и со 200 долари во џеб. Истата секта што ми влезе во трага, надвор од државните граници, во обид да го спречи моето бегство“.

Нејзината порака завршува со уште едно обвинување против актерот кој го врати историски лик Пит Мичел во Топ Ган на големото платно, 36 години по објавувањето на култниот филм.

„Верувајте ми, Том Круз точно знае кого поддржува и какви злоупотреби прави организацијата. Работев со него додека бев таму. Не се сомневам дека мојот пост ќе „исчезне“ со алгоритмите на Фејсбук, но сепак се чувствувам подобро да ви го кажам сето ова“.

 

 

Слични објави

(Фото) Ана Николиќ му испрати на оперираниот Раста силна порака: Еве што имаше да му каже со три збора

Еспресо

Зошто за Велигден вапсаме јајца? Потекло, симболика и практичност на велигденското јајце

еспресо

(Фото) Драгана Мирковиќ е минато за Тони, еве како се забавува

еспресо

Хороскоп за мај: Важен месец за Биковите, интересни вести за Близнаците, страст за Девиците…

еспресо

(Фото) Прва проба на Теја Дора на Евровизија: Вака ќе изгледа сценскиот настап на српската претставничка

еспресо

Астропрогноза за недела, 28 април: Девиците да внимаваат на мали нешта, Рибите да почнат да спортуваат

еспресо
Се вчитува....