12:30 - 29 ноември, 2026

(Фото) Српската старлета се забавува на иста маса со Нејмар во Дубаи, фудбалерот не го тргнува погледот од неа

Српската старлета Александра Суботиќ во моментот престојува во Дубаи, а синоќа била на иста маса со фудбалерот Нејмар. Старлетата веднаш споделила фотографија од егзотичната дестинација каде што во моментот престојува со својот сопруг Предраг Пеца Распоповиќ, а потегот на нејзиниот сопруг ја разочарал.

Александра Суботиќ седела на масата со својот сопруг Предраг Пеца Распоповиќ, а спроти неа седел познатиот фудбалер Нејмар.

Александра го фотографирала Пеца кој гледал во далечината, додека Нејмар цело време ја гледал и не ја симнувал насмевката.

„Каде гледаш, среќо моја?“, напишала разочараната Александра во описот на фотографијата.

Инаку, Александра Суботиќ своевремено се разделила со Предраг Пеца Распоповиќ откако тој ја изневерил со нејзината најдобра пријателка во тоа време, Маја Маринковиќ.

Александра тогаш се снимила себеси како плаче и тврдела дека тоа предавство нема да ѝ го прости ниту на својата пријателка ниту на својот сопруг. Сепак, старлетата му простила за неверството, па го продолжила животот со него, а често на социјалните мрежи се фали со луксузот во кој ужива.

Сега тие одлучиле да отпатуваат на луксузна дестинација, а во моментот престојуваат во Дубаи во еден од најскапите хотели. Токму таму го среднале Нејмар, кој синоќа се забавувал со нив.

Слични објави

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.
Се вчитува....