16.3 C
Скопје
04:15 - 16 јуни, 2026

(ФОТО) СРЕЌЕН РОДЕНДЕН КАЛИОПИ: Да прославиме нов почеток преку моите 55 години живот!

Нашата поп – дива Калиопи, денес го слави својот 55 – ти роденден. По повод овој убав ден пејачката креираше кратко видео, компилација од досега невидени фотографии од семејниот албум кои пејачката ги сподели со своите фанови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

„Да прославиме нов почеток преку моите 55 години живот. Затоа што годините се само број, а помислата за возраста е она што нè рефлектира во огледалото онака како што сакаме да се гледаме.

Како се гледам себеси? Се гледам како времето да не постои. Да се радуваме во тоа време“ – стои во описот на објавата која Букле ја сподели на својот инстаграм – профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Калиопи е родена на 28 декември 1966 година во Охрид, а детството го поминала во Кичево. Татко ѝ е со влашко, а мајка ѝ со македонско потекло. Во својата татковина често е нарекувана поп – дива или кралица на македонската поп-музика. Таа е доста позната на екс-југословенските простори каде врвот на кариерата го достигна во осумдесеттите. Во Македонија важи за вонсериски уметник од светски калибар, кој покрај извонредните вокални способности во рамките на поп-музиката, изведува и компонира музика за филм, театар и балет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)


Набрзо по објавата по повод роденденот започнаа да се нижат бројни честитки од бројните фанови, колеги и соработниците на Калиопи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)


„Најсреќна да си мила Опи! Бакнежи“, напиша Каролина. „Кралица, Среќен најсреќен“, е роденденската честитка на Илина Арсова, а покрај честитките од нашите јавни личности Букле доби и бројни роденденски честитки од познати јавни личности, колеги и соработници од соседните земји.

Среќен роденден Калиопи!

Слични објави

Најбогатата српска инфлуенсерка слави моминска вечер во фустан од 2.500 евра

E.A.

Скандалозен љубовен живот на ќерката на Сузана Манчиќ – Го криеше првиот брак од мајка си, а сега е бремена од 23 години постар генерал

E.A.

Лепа Брена по 16 години стави крај на соработката со својот бенд

E.A.

(Фото) Теа Таировиќ објави фотографија од кревет: Без грам шминка, пие кафе и порача…

Еспресо

Бони Тајлер се разбуди од кома, но сè уште е тешко болна, вели нејзиниот менаџер

Т.Ц.

Јаков Јозиновиќ откри дека песната „Мери“ е посветена на вистинска девојка: „Таа знае дека ја отпеав за неа“

Еспресо
Се вчитува....