20:50 - 28 ноември, 2026

(Фото) Снаата на Цеца блесна на славата на Свети Никола: Богдана позираше со сестрите Наташа и Бојана во вилата на Дедиње 

Српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ синоќа ги пречека гостите во вилата на Дедиње, по повод славата за Свети Никола.

Во домот на Цеца се појавија голем број познати личности, а меѓу нив беа и сестрите Родиќ. Инаку, Богдана Родиќ е сопруга на синот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ.

Наташа Родиќ била облечена во црно, а трпеливо им позирала на фотографите пред семејната куќа на Ражнатовиќ.

Нејзината сестра Бојана Шијан, снаа на пејачката Гоца Божиновска, дошла со сопругот Мирко.

Сестрата на Наташа и Бојана, Богдана Ражнатовиќ, снаата на Цеца, преку ден дошла со сопругот Вељко во вилата, а за оваа прилика избрала тоалета со светки.

На Инстаграм се појавија заедничките фотографии на сестрите од синоќа, кои воодушевија многумина.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natasa Rodic (@miss.rodic)


Наташа во описот ставила емотикон за срце и планета, па јасно е колку ѝ значат овие две.

Да потсетиме, поради убавина на Богдана многумина шпекулираа дека таа многу нешта променила на себе, но сопругата на Вељко Ражнатовиќ очигледно само ги зголемила усните, додека за нејзиното витко тело се заслужни секојдневните тренинзи.

 

 

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....