23:01 - 8 ноември, 2026

(Фото) Извајани секси нозе во тесен мини фустан: Цеца ги распамети Италијанците на настапот!

Светлана Цеца Ражнатовиќ синоќа на концертот во Италија приредила спектакл, а изгледот на пејачката ги воодушевил сите присутни.

Српската фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ синоќа одржала концерт во Римини, Италија.

Пејачкатата се појавила пред преполниот клуб кој бил распродаден во рекордно време и исполнет до последното место, а ова е нејзин втор концерт по ред во таа земја.

Како и секогаш видно расположена, позитивна и нестрплива за средба со публиката, Цеца ги надминала очекувањата на присутните. Таа се појавила во шик издание, во црн краток фустан, кој од едната страна имал извезено огромен пердув со циркони, косата ѝ била малку поткрената, а со добрата енергија со која се вооружала, целосно ја хипнотизирала публиката.

Публиката скандирала на Цеца и заедно со неа ги пеела најголемите хитови, па не е чудно што пејачката ја напуштала Италија полна со прекрасни впечатоци.

Пред Римини, Цеца одржала концерти во Бугарија и Словенија во претходниот период и продолжува во истиот тон да ја освојува својата публика која е желна за нејзините песни.

Новосадската публика особено се радува на тоа, бидејќи Цеца пред Нова година ќе ги почести со два концерта во Спенс.

Фотографиите од настапот и изгледот на Цеца во Италија можете да ги видите ТУКА.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....