19:37 - 28 ноември, 2026

(ФОТО) РЕДОК МОМЕНТ НА ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ: Илон Маск со мајка му на Мет Гала

Ретко се појавува, но зад себе крева голема прашина. Илон Маск се појавува по втор пат на црвениот тепих на Мет Гала и тоа го направи во друштво на својата мајка, модел и нутриционистка, Маје Маск. За таа прилика, претприемачот и контроверзниот нов сопственик на Твитер избра класичен смокинг додека мајка му носеше фустан од бордо кадифе од марката „Диор“ и бисерни додатоци.

Мет Гала, најочекуваниот хуманитарен настан во светот на модата, се одржа во Њујорк.

Претходното присуство на Маск на Мет гала во Њујорк датира во 2018 година, кога 50-годишникот го имаше своето официјално деби заедно со пејачката Грајмс, тогашната партнерка со која има две деца, X Æ A-12 и Exa Dark Sideræl.

74-годишната манекенка и нутриционистка Маје Маск исто така го имаше своето второ појавување на Мет гала, по нејзиното прво присуство во 2016 година.

Инаку, во неодамнешното интервју за Асошиетед прес, Илон Маск не пропушти прилика да зборува за својот последен бизнис објаснувајќи дека иднината на Твитер е да стане „широко инклузивен“.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....