03:25 - 9 ноември, 2026

(Фото) Почна драмата: Љубовницата на Мирослав Илиќ пристигна во Белград на судење и доживеа непријатност

Поранешната љубовница на српскиот пејач Мирослав Илиќ, Мирјана Антоновиќ, која со години е на суд со пејачот, пристигна во Белград на закажаното рочиште, пишува „Република.рс“.

Таа на својот профил на Фејсбук објави дека допатувала од Америка во Белград, а веднаш по слетувањето доживеала драма.

„Пристигнавме во Белград. Дајана, Дејвид и јас. Веднаш почна метежот со изгубените куфери. Сè уште не можат да ги најдат“, напишала Антоновиќ во саботата.

Инаку. Мирјана со години се обидува по судски пат да докаже дека Мирослав Илиќ е биолошки татко на нејзиниот син.

Да потсетиме, Мирјана е добра пријателка со Лепа Брена, која и е голема поддршка во долгиот процес на докажување на татковството на нејзиниот син. Речиси секогаш кога Антоновиќ доаѓа во Србија, таа престојува кај пејачката во вилата на Бежанијска коса. Брена на судењето сведочеше и дека пејачот е татко на Девин.

Пред неколку месеци, Антоновиќ и Илиќ се сретнаа лице в лице на рочиштето, каде првпат еден на друг си упатија зборови по долгогодишниот конфликт. Рочиштето потоа траеше дури три часа, по што Мирослав насмеан и расположен ја напушти судницата. Сепак, Мирјана даде кратка изјава за тоа што се случило пред да влезат во судницата.

– Поминувајќи ми рече: „Што ме гледаш Антоновиќ“. Гледам какви глупости правиш, кога ќе престанеш. Олади малку – открила тогаш Антоновиќ.

 

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....