13.8 C
Скопје
20:59 - 29 октомври, 2026

ФОТО ПРИКАЗНА: Сузана Спасовска издаде ЦД и КАСЕТА со нејзината музика по повод 35 години на музичката сцена

Нашата познатата фолк-пејачка Сузана Спасовска или како што публиката милува да ја нарече – „Сузе Национале“ одвреме навреме ги радува своите бројни обожаватели со по некоја фотографија на социјалните мрежи, а денес пејачката имаше посебно изненадување за својата верна публика.


Пејачката денес, преку својот официјален фејсбук-профил се обрати до својата публика:

„Драги пријатели, дури и во ова време – невреме, душата си бара барем за момент да се расположи со убава македонска песна. Веќе 3 години мојот музички опус се наоѓа на сите светски дигитални платформи, и македонската песна ја слушаат насекаде по светот, а денес, со гордост ви го најавувам мојот јубилеен музички проект – ЦД и КАСЕТА „Приказна“. За да изгледаат уникатно и единствено на овие простори, а и пошироко, се погрижи мојот драг пријател и верен соработник Дејан Величковиќ (концепт, дизајн, едитирање) и Сара Петковска (илустрации по дизајн) на кои бескрајно им благодарам што се вложија со сета своја умешност“ – напиша пејачката.

Пејачката мината година во декември одбележа 35 години активна кариера и години поминати на музичката сцена.


Пејачката неодамна го прослави 57 – миот роденден, но според изгледот првата бројка од свеќите на роденденската торта слободно можеме да ја замениме со бројот четири. Очигледно музиката ја одржувала нејзината младост низ годините, а сега тоа го прави нејзината внука Клара.

Слични објави

Дара Бубамара подготвува полнолетство на синот, а најави и свадба и желба за уште едно дете

Еспресо

(Фото) Бресквица го покажа новиот дечко – ужива со него во авантурите во Дубаи

Еспресо

(Фото) Македонската блогерка Јована Трајковска стана мајка — на свет пристигна малиот Матиас

К.С.

(Фото) Вељко Ражнатовиќ покажа што појадуваат неговите синови: Детаљ во чинијата на малиот Жељко ги потсети сите на детството

Еспресо

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.

(Фото) Елена Велевска го прослави 46. роденден во Охрид — запеа со ќерката Софија, а тортата беше вистинско изненадување

К.С.
Се вчитува....