22:10 - 29 ноември, 2026

(Фото) Поглед полн со љубов! Сопругата на Огњен Амиџиќ сподели емотивна сцена од семејниот дом: „Најдете некој што ќе ве…“

Српската водителка Мина Наумовиќ и нејзиниот сопруг и колега Огњен Амиџиќ наскоро ќе го добијат своето прво дете.

Мина ситно брои до породувањето, а трудничките денови ги поминува далеку од очите на јавноста, во нивниот семеен дом.

Убавата водителка сега сподели фотографија од станот и ги разнежни своите многубројни следбеници на Инстаграм.

Имено, идната мајка го сликала нивниот миленик, кучето Чак како гледа во Огњен. Мина била воодушевена од глетката, па затоа додала и емотивен коментар.

„Најдете некој кој ќе ве гледа како Чак што го гледа Огњен“, напишала водителката со љубовни емотикони, со срца во очите.

Познатиот српски водител Огњен Амиџиќ и неговата сопруга и колешка Мина Наумовиќ наскоро ќе станат горди родители. Огњен и Мина чекаат девојче, а водителката откри дека е подготвена за породување.

Да потсетиме, Огњен неодамна одговараше на прашањата на своите следбеници на Инстаграм, а нив ги интересираше дали одлучиле како ќе се вика нивната ќерка.

„Како ќе се вика бебето?“, гласело прашањето.

„Ќе кажам ако Мина дозволи. Сакавме, ако е ќерка, да ја викаме Миша, но подоцна најдовме нешто подобро“, одговорил водителот.

 

 

 

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....