18.8 C
Скопје
12:58 - 20 октомври, 2026

(Фото) Харис Џиновиќ „уловен“ во странство, одлично расположен: Еве во што и со кого ужива пејачот

Веста дека решиле дефинитивно да ѝ стават крај на љубовта по 22 години шокираше многумина, а секој ден излегуваат нови информации за, сега, екс-парот Џиновиќ.

Мелина ја напушти семејната вила во Сењак, и бара стан во луксузна населба во Белград, што подоцна го потврдија и видео-снимките од хотелот во кој моментално живее, додека Харис, пак, среде гласините за нивните развод, реши накратко да отпатува од Белград на Јахорина каде што вечерва настапува.

Пејачот бил „уловен“ во винарија на Јахорина, каде кратко уживал, а потоа му се придружило и неговото друштво, пренесуваат српските медиуми.

Принтскрин, Пинк

Џиновиќ цело време беше насмеан и весел, а никој, кој не е запознаен со случувањата на негов личен план, не би помислил дека моментално минува низ тежок, стресен период.

Харис и Мелина Џиновиќ ја започнаа својата емотивна врска во далечната 2002 година, а официјално се венчаа 12 години подоцна. Тие имаат две деца, синот Кан и ќерката Џина, а веста за разводот не сакаа да ја коментираат за медиумите.

Харис Џиновиќ останува во куќата, Мелина е во хотел: Еве ги деталите за првите проблеми

Слични објави

Крај на едно пријателство — Деси Слава ги прекина сите врски со Азис откако тој ја откажа соработката за нејзиниот концерт

E.A.

(Фото) „Мил мој, те сакам“: Ана Ивановиќ објави емотивна порака, нема поголема љубов од оваа

Еспресо

Како треба да вежбате на 20, 30, 40 и по 60 години? Фитнес-експерт открива што му е потребно на телото во секоја возраст

К.С.

(Фото) Синот на Лозано наполни две години — малиот Марко славеше со торта со мотори и Спајдермен

К.С.

Хороскоп за 20 октомври: Бикови, ве очекуваат куп обврски и одговорности

Еспресо

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо
Се вчитува....