16:55 - 9 ноември, 2026

Харис Џиновиќ останува во куќата, Мелина е во хотел: Еве ги деталите за првите проблеми

Харис решил луксузната вила на Сењак да ја задржи за себе, додека неговата се уште легална сопруга веќе отишла во хотел. Со години ја градеше својата оаза на мирот, ги менуваше плановите, ја приспособуваше целата куќа на своите потреби и не му паѓа на памет да се исели од неа, пишуваат српските медиуми според информации добиени од извори блиски на пејачот.

Во долното ниво на куќата има огромен базен во чија близина се наоѓа и винарска визба, што беше негова желба. Има и студио каде што компонира и пее.

Како што сега пишуваат српските медиуми, Харис решил да се избори за имотот што го стекнал со напорна работа.

Да потсетиме, Мелина се уште бара стан кој ќе и ги задоволи сите потреби во позната луксузна населба во Белград. Како што прв напиша српски Курир, Мелина ја напуштила семејната вила во Сењак и бара стан во луксузна населба во Белград, што подоцна го потврдија и видео снимките од хотелот во кој моментално живее. Меѓутоа, Мелина се нашла во нов проблем, а тоа е поради исхраната.

Како што дознава Пинк.рс, синот Кан и ќерката Џина секојдневно ја посетуваат мајка си, но не со празни раце. Секогаш ѝ носат домашна храна што ја приготвуваат во нивната куќа – имено, храната ја приготвува нејзината куќна помошничка, но и – никој друг – туку нејзиниот наскоро поранешен сопруг Харис, кој е познат како одличен готвач.

Инаку, Харис и Мелина се емотивно поврзани од 2002 година, а имаат две деца, синот Кан и ќерката Џина. Годинава го најавија својот споразумен развод.

Слични објави

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.
Се вчитува....