10:29 - 28 ноември, 2026

(Фото) Петар Грашо и Хана Хуљиќ го крстија синот Тони, ги разоткрија фотографии од кумот и кумата

Хрватската музичко-брачна двојка Хана Хуљиќ и Петар Грашо деновиве имаа посебна причина за славење во своето семејство. Имено, Хана и Петар го крстија својот син Тони, судејќи по објавите на социјалните мрежи.

Кумот на Грашо, словенечкиот готвач Томаж Кавчич, на својата инстаграм-приказна објави фотографија од сина торта со името Тони и кадифено мече, заедно со натпис „крштевање“.

Пејачката Доменика Жувела, пријателката на Хана и кума на нивната постара ќерка Алба, исто така објави на Инстаграм. На првата фотографија позирала заедно со Хана и нивните пријатели, додека на втората споделила видео од Кавчич како сече панетоне.

Двојката не ја коментираше крштевката на синот, а семејната веселба веројатно се потрудиле да ја задржат во тајност.

Да потсетиме, Хана и Петар ја добија и ќерката Алба во јули 2022 година. Тие се венчаа во февруари 2022 година во црквата Св. Доминик во Сплит, а на венчавката присуствувале најблиските пријатели и семејството. На крајот на октомври тие го добија своето второ дете, кое го нарекоа по дедото на Петар.

Слични објави

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо
Се вчитува....