03:06 - 8 ноември, 2026

Данијела Димитровска замина од Србија поради дечкото! Огњен Амиџиќ се грижи за нивниот син

Данијела Димитровска од бракот со водителот Огњен Амиџиќ го има синот Матија, кој посетува основно училиште во Белград. Изминатиов период манекенката поминува многу време надвор од Србија поради нејзиниот дечко Јеврем, кој има бизнис во Црна Гора.

Данијела решила да го следи и да го поддржи во деловните одлуки, па додека е во Црна Гора, нејзиниот син Матеј е со татко му.

– Огњен се грижи за Матеј, а со оглед на тоа што неговата Мина одлично се сложува со неговиот син, наследникот на Данијела ужива да биде со нив. Сите заедно имаат здрава врска. Данијела и Амиџиќ комуницираат како двајца нормални, одговорни родители, така треба да се однесуваат сите поранешни парови кои имаат деца. Од друга страна, многу ѝ значи тоа што може да се потпре на таткото на своето дете, бидејќи Данијела е млада, не треба да го запоставува љубовниот живот – изјавил за Информер извор близок на Димитровска.

Данијела, инаку, неодамна откри дека поради работата на партнерот често е во Црна Гора.

– Ова е личноста која последнава година интензивно ме држи во Црна Гора. Мојот дечко не е Црногорец, но не би имала никаков проблем да беше. Овде гради зграда и морам да го пофалам дечко ми за тоа, бидејќи не зборувам често за него, особено не јавно, но тој сега го заслужува тоа. Секој од овие станови го изгради како да ќе живее во нив. Тој работи и создава овде, а ние сме негова морална поддршка – рекла таа во едно видео кое го објави на социјалните мрежи.

Иако Данијела и Јеврем уживаат во својата љубов, тие не зборуваат многу за деталите од нивната романса.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....