22:09 - 29 ноември, 2026

(Фото) Никогаш не е здодевно со неа: Северина откри што ѝ се случило на одморот во Италија

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ помеѓу настапите повторно отпатува, на заслужен одмор.  Пејачката може да здивне со олеснување и да си дозволи да ужива. Северина отиде на одмор со пријателките Соња Дворник и Антеа Шимац, со кои ужива на италијанскиот остров Капри.

Северина покажа дека навистина знае како да ужива во животот во својата најнова објава на социјалните мрежи. Таа во моментот ужива во убавините на Капри, а со своите обожаватели сподели како го поминуваат времето таму, откривајќи и урнебесни детали.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)


– Најубавите патувања се кога патувате во добро и весело друштво. Соња Дворник веќе ја опиша Италија на својот Инстаграм и се согласувам со сè, но кога нè изненадија во „Taverna Anema E Core“, нè облекоа во неаполски носии и нè испратија на сцената, тоа сепак беше врв на патувањето и нешто што ќе го паметиме засекогаш, бидејќи изгледавме како три Хајди на Октоберфест (од 14-та до 19-та објава). Вива Италија! – напишала Северина и додала серија фотографии и видеа како „доказ“ за тоа што се случило.

– Мислам дека не претерувам кога велам дека Севе никогаш не изгледала толку добро како сега. Некаква детска радост, телото е совршено, жената зрачи! – е само еден од бројните коментари оставени под оваа објава.

И овој пат тоа беше вистинско модно уживање за нејзините обожаватели, бидејќи Северина понела одлични модни парчиња на Капри – од атрактивни костими за капење и бикини до фустани што ги сакаме во нашиот плакар.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....