14:08 - 10 ноември, 2026

(Фото) Помладата ќерка на Наташа Беквалац е подготвена за училиште: „Нашето дете тргна во прво одделение!“

Помладата ќерка на пејачката Наташа Беквалац, Катја Лазукиќ, тргнува во прво одделение.

Кристина Беквалац објави на својата инстаграм-приказна фотографија од нејзината сестра Наташа како позира со нејзината ќерка.

 

– Нашето дете тргна во прво одделение! Катја Лазукиќ, џак-првак – напиша Кристина.

Малата Катја позираше со својата мајка облечена по најнова мода. Носеше беж сако и здолниште во комплет, а под него најпопуларните женски влечки со бели чорапи, додека косата ја имаше собрано во пунџа.

Наташа еднаш зборуваше за односот со своите ќерки и откри дека е строга мајка.

– Хана сега би дошла на мојот концерт. Да ја замолев порано, немаше да дојде. Се преправа дека е важна. Катја е мала за концерти и настани. Хана летово отиде на фестивал во Белград. Јас го поддржав тоа. Многу се грижам кога Хана излегува некаде. Важно е постојано да бидам сигурна каде е и што прави. Секогаш се договараме кога треба да се врати. Важно е да не ја загрози мојата доверба, враќајќи се половина час подоцна од договореното време – рече пејачката , додавајќи:

– Не се тоа големи казни. За секоја грешка има последици. Не сум строга, но удрам таму каде што е најтенко, телефонот и излегувањето.

Слични објави

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.
Се вчитува....