18:25 - 7 ноември, 2026

(Фото) Луда забава: Анастасија Ражнатовиќ и Ема Радујко во бикини ја „запалија“ Ибица!

Анастасија Ражнатовиќ ужива на одмор со својот сопруг Немања Гудељ и со неговата сестра Вања на Ибица, а на егзотичната дестинација се фотографирала и со пејачката Ема Радујко.

Имено, Анастасија била на забава со Вања Гудељ, а таму била и пејачката Ема Радујко, која се дружела и забавувала со нив.

Ема носела минијатурно златно бикини, додека Анастасија блескала во тексас комбинација и цело време носела очила за сонце.

Инаку, Ема Радујко по настапот на српскиот фестивал „Мјузик вик“, го спакувала куферот и отпатувала на Ибица, каде ужива во друштво на фудбалерот Немања Радоњиќ, поради што јавноста почна да зборува.

И Ема и Радоњиќ објавија фотографии од јахтата на која уживаа со друштво на Ибица.

Освен тоа, со нив биле и Анастасија Ражнатовиќ и нејзиниот сопруг, фудбалерот Немања Гудељ, што може да се заклучи од таговите и заедничките објави.

Да потсетиме, Ема пред извесно време беше во врска со фудбалерот Урош Рачиќ, а врската за медиумите ја потврди дури по раскинувањето.

– Се запознавме преку заедничка пријателка, таа ме наговори да одам на ручек со него. Долго се мислев, баш и не ми се одеше… И на крај отидов, бевме повеќемина. Влеговме во врска многу, многу брзо. Не беше истиот ден, поминаа 12 дена – рекла Ема смеејќи се.

Потоа се осврнала на нивното раскинување, што изненадило многумина:

– Ништо не се случи, не сме во никаква кавга, туку едноставно раскинавме – признала Ема во една емисија.

 

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....