3.8 C
Скопје
06:54 - 20 април, 2024

(Фото) Љубовната приказна на Ведрана Ѓорѓевиќ: Со Андрија веќе како да сме во брак, иако не ме запроси на Бали

Водителката Ведрана Ѓорѓевиќ неодамна се врати од одмор на Бали со својот сакан. На романтично место, таа го прославила својот 35. роденден со Андрија Антиќ, за кој вели дека се чувствува како да се во брак.

Ведрана вели дека сите мислеле дека ќе се случи запросување на нејзиниот роденден, но атрактивната водителка е против тие стереотипи. За „Еспресо“, таа ја раскажа својата љубовна приказна со Андрија, и сите впечатоци од Бали.

-Првпат сум на Бали, но сигурно не и последен. Следниот пат точно знам како да го организирам времето и каде да отидам уште од првиот ден, а тоа е дефинитивно островот Gili Trawangan. Белите песочни плажи, изобилие на овошје, зеленчук и храна со многу зачини, како и насмеани лица на кои главна цел им е да те угостат и да го направат твојот одмор незаборавен е нешто што не се заборава и за кое се враќа уште многу пати на Бали. Овојпат патувањето имаше малку истражувачки карактер, и покрај краток одмор целта ми беше да поминам работно и го исполнив тоа за кое отидов. Иако повеќето пријатели и познаници мислеа дека ќе „падне запросување“ не беше така и се радувам, заради тоа што веројатно Андрија ме познава подобро од тоа да ме запроси на некое толку очигледно место. Може тој и подобро од тоа“, ни раскажа Ведрана.

Најголемата причина заради која заминале на Бали покрај тоа што патувањата ѝ се големо богатство и ја прават многу среќна, прославата на роденденот,  е и снимање на нејзиниот подкаст ,,Lifestyle with Vedrana“.

– Го планирав уште пред една година и снимив две- три епизоди, но некако не бев задоволна, не ми беше доволно необичен и различен и не ми легна некако што би се рекло народно. Но сега чувствувам дека е вистинскиот момент. Често патувам и решив тие патувања да ги искористам да снимам Македонци кои живеат надвор од Македонија, како се снаоѓаат во друга средина, потоа исто така ќе ги ,,искористам“ малку да ни го доближат општеството во кое живеат како и нивната култура и битисување. Но тоа не значи дека ќе снимам само надвор, ќе снимам интересни приказни и патувања низ нашата убава Македонија, убавина, мода, храна и сѐ што би ми било интересно мене за гледање. Секако прифаќам сугестии и од гледачите па ќе снимам нешто и по нивна желба. Повеќе инфо за почетокот на подкастот и други детали може да се добие на мојот Инстаграм профил каде што објавувам сѐ поврзано со мојата работа па и приватен живот, кој го интересира бујрум- vedrana_edrana“, вели таа.

Потоа, се присетува за првото запознавање со Андрија кој користи и уметничко име Andrew Meller.

-Хммм…. диџеј, продуцент, визионер, артист, креативец“, одговара Ведрана на прашањето за професијата на Андрија.

-Го запознав на местото каде што после 3 години, овој петок на 10 Март повторно пушта музика, во нашиот познат музички бар „Интермецо“. Не можам да кажам дека уште веднаш имав симпатии кон него, затоа што во тоа време беше во врска, бевме само пријатели. Но после една година повторно дојде во Македонија, Охрид, и од тука почна цела приказна, сѐ другото е историја хаха. Кај него најмногу ја сакам добрината и смиреноста, сѐ може и ништо не мора. Сѐ е полека, стабилно и смирено. Сѐ што јас не сум ,хаха“, открива Ведрана.

Андрија е инаку од српскиот град Пожаревац, а сега заедно со Ведрана живее во Скопје.

-Не знам кој е точниот одговор на прашањето дали се замислуваме во брак наскоро, затоа што јас мислам дека веќе сме ….бракот за мене не е потпис на ливче хартија, туку сосотојба на умот и душата. Состојба во која сакаш да поминеш најмногу време со оној кој го сакаш и почитуваш, се грижиш за неговото физичко и ментално здравје, за неговата кариера исто како да е твоја. Не сум размислувала дали и како би правеле свадба, но сигурно ако ја има ќе биде необична“; раскажа Ведрана за идните планови.

Убавата водителка сепак ќе ја видиме како невеста на Саемот на вечавки, утре во Скопје, настан за кој со радост се подготвува.

Бракот за мене не е потпис на ливче хартија, туку сосотојба на умот и душата.

-Со полна пареа се подготвуваме за Саемот на венчавки, кој започнува утре од 17 часот во хотелот „Александар Палас“, а официјалната ревијална вечер во 20 часот. Имаме организиран превоз од сите градови во Македонија, па ги поканувам сите младенци кои се подготвуваат за својот најубав ден, нивните родители, најблиски и пријатели, да дојдат и да најдат сѐ што им е потребно на едно место (венчаници, костими, ресторан, китенки, музика, козметика, па и кредит на онои кои им е потребен). За оние кои што нема да бидат во можност да дојдат, ќе имаат ексклузивна можност преносот од ревијалната вечер на која што наши познати личности ќе носат венчаници да ја гледаат во сабота, на 11 март во 21 часот на Канал 5 телевизија.

Фото: Приватна архива

 

Слични објави

(Фото) Која е жената со генијален ум која го контролира секој потег на Тејлор Свифт: Не се одвојува од неа и нема свој живот, но затоа има милиони

еспресо

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо
Се вчитува....