22:02 - 8 ноември, 2026

(Фото) Лепа Брена на геј свадба! Пејачката отпатува во Шпанија на венчавка на Србин и Хрват

Пејачката Лепа Брена присуствува на геј венчавката на Србин и Хрват во Палма де Мајорка, каде што парот живее со години, пишува српски „Курир“.

Музичката ѕвезда Лепа Брена е во Шпанија, каде што се одржува дводневна венчавка на геј пар, Србин и Хрват.

Брена пристигнала во Палма де Мајорка во друштво на блиска пријателка, а во петокот вечерта пред венчавката се одржала и забава за загревање. Покрај пејачката, на островот е и познатиот белградски шминкер Драган Вурдеља, долгогодишен пријател на младоженецот.

Белграѓанин, кој со години гради кариера во модната индустрија, е вработен како стилист и е во врска со хрватски архитект.

На прославата присуствуваат нивните семејства, а парот одлучил да го изговори судбоносното „да“ по речиси една деценија врска.

 

 

Во текот на венчавката, Брена во еден момент застанала на сцената и направила атмосфера за паметење. Пејачката носела долг фустан со три нивоа на тил и со ракави од пердуви.

 

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....