12.8 C
Скопје
23:27 - 28 април, 2024

(Фото) Која е свекрвата на Шакира која го сокри неверството на Пике и ѝ заби нож во грб: Доминантна мајка која сака да ги држи конците на семејството

Колумбиската музичка ѕвезда Шакира со својата нова песна, која изобилува со пораки за нејзиниот поранешен парнер Жерар Пике, успеа да направи бура во сите светски медиуми, а пејачката не ја поштеди ниту својата свекрва.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by La Firma Magazine (@lafirmamagazine)

Така се отвори Пандорината кутија, а на површина излегоа многу непознати работи од нејзиниот брачен живот со фудбалерот, кои ја шокираа јавноста.

Во целиот скандал е вмешана и мајката на Пике, Монсерат Бернабеу, за која Шакира верува дека ја прикрила измамата на нејзиниот син, само за да го спаси бракот.

Пејачката се најде на удар на коментари, бидејќи многумина ја осудија кога постави кукла во форма на вештерка на својот балкон, но да гледа во прозорецот на нејзината свекрва, како и кога планираше да изгради ѕид меѓу имотите (кои се соседски).

Сепак, имиџот на Монсерат во јавноста целосно се смени по неверојатното видео во кое таа со прст ја замолчува својата позната снаа и физички ја напаѓа.

Но која е, всушност, мајката на шпанскиот фудбалер Жерар Пике, за која не престанува да се зборува и пишува?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jornal 140 (@jornal140)

Монсерат е родена во Шпанија и по професија е доктор, специјалист по физикална медицина. Дипломирала на Универзитетот во Барселона и постојано е на врвни работни места. Родена е во 1963 година, односно има 59/60 години.

Таа е познат специјалист по физикална медицина и рехабилитација во Институтот Гутман во Барселона. Во брак е со адвокатот Жоан Пике, и заедно се родители на Жерар и Марк. Во многу наврати Шакира и Монсерат беа видена заедно на трибините на стадионите на кои играше Жерар Пике, но сега нивната врска е сосема нарушена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ap! Lleida (@aplleida)

Мајката на Пике наводно долго време сакала да помогне врската да опстои помеѓу синот и нееговата парнерка, но Шакира откри дека поради неа направила и една од најголемите грешки во животот.

Таа ја скрати косата пред неколку години токму по наговор на мајката на Пике, бидејќи Монсерат тврдеше дека „не е пристојно за жена на нејзина возраст да има долга коса“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by showbuzz.hr (@showbuzzhr)

Како што сега пишуваат шпанските медиуми, мајката на Пике е очајна откако тој раскина со Шакира, пред се затоа што пејачката им забранила на синовите Милан и Саша да контактираат со нивната баба. На момците, исто така, им е забрането да ѝ се јавуваат на Монсерат на телефон, но и да ја нарекуваат баба, бидејќи колумбиската музичка ѕвезда е разочарана што нејзината свекрва криела дека Пике ја изневерува и, згора на тоа, му дозволила да ја доведе својата љубовница во нивната куќа, како и во домот што го делеше со Шакира со години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @el_preciodelafama

Доминацијата на Монсерат е повеќе од очигледна, па не напразно и таа се најде во центарот на скандалите. За разлика од неа, таткото на Пике не заврши во медиумите, и им остави простор на синот и на поранешната снаа сами да си одлучат за нивната иднина.

 

 

Слични објави

(Фото) Драгана во прегратки на млад маж: Кога срцето ќе застане…

еспресо

(Фото) Лазар Ристовски угол гол во осмата деценија: Секси најава на новата серија

еспресо

(Видео) Милица Тодоровиќ брутално навредувана поради физичкиот изглед: Пејачката се здебели над 20 килограми!

Еспресо

(Видео+фото) Какво изненадување! Сопругата и децата го пресретнаа Никола Роквиќ додека пешачи кон Грција

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ му испрати на оперираниот Раста силна порака: Еве што имаше да му каже со три збора

Еспресо

Зошто за Велигден вапсаме јајца? Потекло, симболика и практичност на велигденското јајце

еспресо
Се вчитува....