10:14 - 9 ноември, 2026

(Фото) Кетрин Зита Џонс се соблече во костим за капење: Убавина без возраст

53-годишната британска оскаровка Кетрин Зита-Џонс покажа како изгледа во костим за капење. На својот Инстаграм профил, славната личност објави неколку летни фотографии.

Оскаровката покажа целосно опуштен изглед. Зита Џонс позираше за селфи фотографија во  едноделен костим за капење но со длабоко деколте. Ѕвездата го комплетираше својот летен изглед со округли очила за сонце и сламена шапка.

Актерката едноставно ја потпиша својата објава со „Чао“ и на крајот додала емоџи од сонце.

Очигледно е дека Зита-Џонс ужива во заслужен одмор откако ги помина последните неколку месеци присуствувајќи на разни настани со нејзиниот сопруг, актерот и продуцент Мајкл Даглас.

На крајот на мај, парот беше забележан на трката за Големата награда на Формула 1 во Монако. И за таа прилика Зита-Џонс повторно носеше шапка и очила за сонце, додека Даглас (78) се одлучи за црна бејзбол капа, поло маица и фармерки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mark Sutton (@f1sutton)

Слични објави

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо
Се вчитува....