14:10 - 10 ноември, 2026

(Фото) Ќерката на Наташа Беквалац денеска полни 18 години: Прекрасно изненадување точно на полноќ!

Српската пејачка Наташа Беквалац ја дочекала полноќта опкружена со семејството и ќерките, и тоа во многу специјална пригода со изненадување што го организирале.

Нејзината постара ќерка Хана денеска полни 18 години, а пејачката со емотивни зборови ѝ го честиташе прекрасниот ден.

Наташа објави нивна заедничка фотографија со порака која допре до срцата на многумина.

„На мојата прва, најголема, вистинска љубов денеска ѝ е 18-тиот роденден. Родена од љубов, исткаена од љубов, прекрасна, храбра, секогаш толку своја, а моја. Горда сум на сè што си, љубов мајкина и ако продолжам да пишувам, срцето ќе ми пукне, а треба уште долго да чука за тебе“, напишала Наташа.

По емотивната објава, Наташа објавила уште една фотографија со својата ќерка, придружена со кратка порака:

„Те сакам“.

Инаку, Наташа пред 18 години ја доби првата ќерка Хана со ватерполистот Данило Икодиновиќ.

Беквалац неодамна зборувала за родителството.

– Јас сум сама во родителството. Таа улога ми е најважна, како и на секоја нормална жена. Тоа е енергија што многу ве обзема. Максимално сум посветена и на работата што ја работам на врвно ниво веќе 20 години. Тоа се две работи кои ме исполнуваат и ме обземаат. Мажот мора да биде магичен за да можам да го вклопам во својот распоред – изјавила своевремено Наташа за српските медиуми.

 

 

Слични објави

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.
Се вчитува....