00:57 - 4 ноември, 2026

(ФОТО) ЌЕРКАТА НА ЦЕЦА ЖИВЕЕ ВО ДУПЛЕКС СО СВОЕТО МОМЧЕ: Анастасија покажа мал дел од новиот дом

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ конечно покажа мал дел од својот нов дом – дуплек во кој од неодамна живее со своето момче Џорџ Куљиќ.

Новото љубовно гнездо на парот се простира на цели 200 метри квадратни, а станот го платиле 750.000 евра, со оглед на тоа дека се работи за нова зграда, на луксузна локација во близина на Калемегдан.


„Купиле два стана од 100 квадрати кои се наоѓаат еден над друг и изградиле дуплекс. Имаат пет спални соби, неколку бањи и огромна дневна соба, како и стаклена тераса. Мебелот го избраа одамна, ја реновираа кујната и сега уживаат“, изјавил извор близок на парот за српските медиумите.


Младата пејачка подготвена за излегување, облечана во високи црни чизми и кожени панталони, позираше во ходникот на својот нов дом и покажа мал дел од ентериерот. На фотографијата единствено што може да се забележат се дрвени панели и плакари од под до плафон, како и скапите подни плочки со мермерен ефект.


Фотографите кои Анастасија ги сподели со своите фанови ги потпиша со еден збор  – „Дома“.

Слични објави

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо
Се вчитува....