12:02 - 8 ноември, 2026

(Фото) Кејт Мидлтон испрати божиќно писмо до 1.600 гости: Љубовта е најголемиот подарок

Кејт Мидлтон (42), принцезата од Велс, испрати лична, емотивна порака на благодарност на секој од 1.600 гости коишто ги покани на божиќниот концерт во црквата што го организира секоја година.

Принцезата рече дека љубовта е најголемиот подарок што луѓето можат да си го дадат едни на други во порака до гостите кои ќе присуствуваат на нејзината годишна божиќна служба во Вестминстерската опатија во Лондон неделава. Концертот на Божиќната песна на 6 декември, четвртиот што таа ја води, е и повод за нејзиното најзначајно враќање на кралските ангажмани откако беше подложена на превентивна хемотерапија за рак.

Во писмото испратено на адресите на 1.600 гости, Кејт, сопруга на престолонаследникот, принцот Вилијам, се навраќа на темите за љубовта и потребата од емпатија, за кои зборуваше во претходните многу лични изјави и снимки за своето здравје.

 


„Божиќ не е само време за славење, туку и за размислување и ослободување од притисоците на секојдневниот живот“, се вели во нејзиното писмо.

„Божиќната приказна ги одразува нашите ранливости и колку луѓето имаат потреба еден на друг и покрај нивните разлики“, рече таа. „Пред сè, нè поттикнува да се свртиме кон љубовта, а не кон стравот“, напиша таа. „Таа љубов е најголемиот подарок што можеме да го добиеме. Не само на Божиќ, туку секој ден од нашиот живот“, рече таа.

Вилијам, кој претходно овој месец рече дека била „брутална“ година за кралското семејство, со лекувањето на Кејт кое следеше по дијагнозата на рак на неговиот татко, кралот Чарлс, ќе чита за време на службата.

Слични објави

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.
Се вчитува....