03:18 - 29 ноември, 2026

(Фото) Илон Маск за првпат ги покажа близнаците: Ај погодете со што си играат

Објавени се првите фотографии од Илон Маск со неговите близнаци покрај нивната мајка Шивон Зилис, која е и извршен директор на неговиот стартап за вештачка интелигенција Neuralink.

Сликите ги објави поранешниот новинар Волтер Исаксон, автор на претстојната биографија за сопственикот на Х.

Исаксон, чија книга ќе биде пуштена во продажба на 12 септември, рече дека Маск сакал да се сретне со него и со Зилис минатиот март за да разговараат. „Тој ни рече да ги оставиме нашите телефони во куќата додека седевме надвор бидејќи, како што рече, некој може да ги користи за да ги следи нашите разговори“, откри писателот за Тајм.


„Седевме во приградски двор до тивок базен во дворот во еден сончев пролетен ден, со две синооки близнаци кои научија да се гушкаат, додека Маск мрачно шпекулираше за можноста за изградба на одржлива човечка колонија на Марс пред апокалипсата да ја уништи цивилизацијата на Земјата“, опиша тој.

Инаку, Зилис ги родила осмото и деветтото дете на Маск во ноември 2021 година. Нивните имиња никогаш не се објавени. Близнаците, кои наводно биле зачнати со вештачко оплодување, се родени само неколку недели пред Маск да го дочека своето второ дете со канадската поп ѕвезда Грајмс.

Зилис им кажала на колегите дека таа и нејзиниот 52-годишен шеф милијардер никогаш немале секс или биле романтични на кој било начин. Маск има уште пет деца со својата прва сопруга, канадската писателка Џастин Вилсон. Тој го загуби своето прво дете во 2002 година. Бебето починало на возраст од 10 недели од синдром на ненадејна смрт на доенчиња.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....