02:49 - 9 ноември, 2026

(Фото) Теа Таировиќ со сто евра брише солзи: „Не знаев ни да одам на штикли, а сега…“

Пејачката Теа Таировиќ го оправда прекарот „кралица на бакшишот“, судејќи по видеото кое кружи на социјалните мрежи, а на кое може да се види како пее и се смее, а со банкнота од 100 евра ги брише „солзите“.

Под видеото има бројни коментари и реакции.

принтскрин, инстаграм

Потсетуваме, Теа Таировиќ беше учесничка на натпреварот „Ѕвезде Гранда“ каде не го постигна својот максимум, но храбро се бореше на патот до успехот, не се откажа, а во една прилика се потсети на своите почетоци.

За да ги постигне своите цели и да настапи на музичка сцена, таа ја криеше вистината за годините и работното искуство.

-Почнав да пеам со бенд од Нови Сад и лажно им се претставував. Реков дека сум полнолетна, дека имам искуство со пеење, но бев малолетна и немав искуство. Не избирав средства за да стигнам до целта – изјави своевремено Таировиќ, нагласувајќи дека тој период бил многу трауматичен и неизвесен за неа.

– Имав желба само да застанам на која било сцена, само некој да ме види и слушне. Беше навистина трауматично. Немав никаков репертоар, не знаев да комуницирам со луѓе, немав ништо, а сакав само да настапам некаде. Од патики застанав на високи потпетици, не знаев да одам во нив  – рече пејачката за српските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic)

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....