11:32 - 29 ноември, 2026

(Фото) Големо невреме го погоди Кавадарци, Попоски предупредува на нови поројни дождови

Синоќа Кавадарци го зафати страшно невреме, поплавени се улици и подруми од куќи на граѓаните. Излеана е канализација, а градоначалникот Јанчев веќе организираше акција на комуналните служби. 

фото – Славчо Попоски, метеопрогнозер

Времето во Македонија продолжува да биде нестабилно и денес.

– И денес е можно ново невреме во Македонија – нагласува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Како што предупреди уште вчера наутро метеопрогнозерот Славчо Попоски граѓаните треба да бидат крајно претпазливи.

– За време на овој викенд бидете КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и тоа поради очекуваната нестабилност на повеќе места низ Македонија. Истата ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на ПОИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд кој може да услови локални поплавувања, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град, најави вчера Попоски.

Попоски предупредува на голема претпазливост – ИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ, еве кога (и во Скопје)

Слични објави

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо
Се вчитува....