16.8 C
Скопје
14:03 - 18 октомври, 2026

(Фото) Гога Секулиќ го прослави 48-от роденден, уживајќи во чист луксуз! Погледнете кој ѝ прави друштво…

Српската пејачка Гога Секулиќ вчера го прослави својот 48 роденден. По тој повод решила себеси и својот син да се почестат со луксузно патување.

Бидејќи е зима и температурите до неодамна беа под нулата, таа се одлучила за поегзотична и потопла дестинација и со синот се упатила кон Дубаи.

Пејачката престојува во еден од најлуксузните хотели во Дубаи.

Гога на Инстаграм објавила какво изненадување ја дочекало во собата. Насекаде имало балони на кои пишувало „Среќен роденден“ додека францускиот кревет бил покриен со ливчиња од роза.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goga Sekulić (@sekulicgoga)


Таа потоа споделила и фотографија со својот син, на која се гледа како уживаат во вода.

– Најдобрите родендени се со мојот син – напишала таа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goga Sekulić (@sekulicgoga)


Да потсетиме, Гога Секулиќ имаше сообраќајна несреќа во септември минатата година кога на пешачки премин ја удри автомобил. Пејачката продолжила да се жали на болки во вратот долго време потоа.

– Седам толку вкочането затоа што уште ме боли вратот. Не знам што е тоа, прегледи има, а само се надевам дека лекарите ќе видат што не е во ред и дека брзо ќе се реши – изјави неодамна таа за „Пинк“.

 

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо
Се вчитува....