17:01 - 8 ноември, 2026

(Фото) Еве како реагираше Северина на бруталната порака на Јелена Карлеуша до Милан Поповиќ: Еден симбол кажува сè

На хрватската ѕвезда Северина Вучковиќ Врховниот суд ѝ го одзема старателството над синот Александар и му го додели на нејзиниот поранешен партнер, српскиот претприемач Милан Поповиќ.

Овој случај шокираше многу мајки од целиот регион, а Северина доби поддршка од српската музичка ѕвезда Јелена Карлеуша.

„Поранешниот на Северина испаѓа дека е поважен и повлијателен во Хрватска од нивниот премиер и претседател и судот и правото и правдата и Господ. Сега, бидејќи вие браќа Хрвати сте биле искрени, затоа што предолго ја гледаме неправдата кон оваа жена и сме полни г…., какви се шансите да му го проверите бизнисот, ‘бубачка’ ми рече дека нешто не е во ред со данокот (кога корупцијата е нормална во Хрватска)“, напиша Карлеуша.

„Зборувате за Србија после…ееее мои.. овде ќе се решеше одамна за Северина. А ние имаме способни адвокати, на Северина се само аматери. А, бидејќи ова ќе го чита и дотичниот влијателен човек, можам само да му кажам: ‘Што би ти правел, брате мој Србине, ти би бил првиот маж што забременил и со години останал бремен! Не си ти Србин, ти си… … Да не лаам…’ Знам да бидам погана… Ако те начекам некаде, в лице ќе ти кажам, лесно е да се биде храбар вака, а познавам и некои луѓе кои имаат малку повеќе пари од тебе“, додала Јелена.

На оваа објава реагираше и Северина. Зборовите на Јелена ги сподели на својот Инстаграм, само со еден симбол – црвено срце, со кое јасно потврди дека се согласува со сè што е напишано.

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....