16:25 - 9 ноември, 2026

(Фото) Емотивна фотографија на Амиџиќ со наследникот! Покажа како го заспива Перун: „Мојата векна леб“

Српскиот водител Огњен Амиџиќ неодамна стана татко по вторпат, а сега покажа како ужива во новиот семеен дом со синот Перун.

Амиџиќ целосно му се посвети на семејството, па секој слободен момент го користи да ужива со синот и сопругата Мина Наумовиќ.

Тој на Мина ѝ е голем поддржувач, па често на социјалните мрежи покажува како го чува наследникот. Така утрово објави фотографија на која се гледа како го држи Перун додека спие и напиша:

„Мојата векна леб“, напиша Огњен во описот на фотографијата на која се гледа како го држи својот син в раце.

Да потсетиме, Мина пред неколку дена сподели катче од нивниот дом преку социјалната мрежа Инстаграм каде што можеме да видиме како изгледа креветчето на бебето.

Огњен го прослави доаѓањето на малиот Перун во еден белградски ресторан, а по тој повод во интервју за тамошните медиуми откри како поминале првите денови со наследникот.

– Многу е интересно, слатко, ново, мал е, преслатко, спие, јаде, плаче кога нешто не му е по волја. Влегуваме во тој ритам, три часа да јаде и да спие, па ќе видиме – изјави Огњен.

Слични објави

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.
Се вчитува....