16:11 - 9 ноември, 2026

Милош Биковиќ за терористичкиот напад во Москва: Време е на пост и Рамазан, да се молиме…

Сега е време на пост и Рамазан, да се молиме за жртвите, порача актерот Милош Биковиќ на својот инстаграм-профил и им понуди поддршка на семејствата на загинатите во синоќешниот терористички напад во Москва.

„Доколку знаете дека на некоја од жртвите ѝ е потребна финансиска или каква било помош, пишете во коментар. Мислам дека овде нѐ има доволно што сакаме да помогнеме да покажеме солидарност. И барем некако да им го олесниме страдањето на жртвите. Ги замолувам оние што сакаат да помогнат да не одговараат на коментари, туку само на проверени информации кои ќе ги објавиме по проверка. Време е на пост и Рамазан, да се молиме за настраданите, ако некој сака да помогне, може да се придружи“, напиша Биковиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miloš Biković (@bikovic)

Според досегашните податоци, во терористичкиот напад на „Crocus City Hall“, во близина на Москва, загинаа 93 лица, соопшти денеска Рускиот истражен комитет. Ова беше најсмртоносниот напад во Русија во последните 20 години.

Слични објави

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.
Се вчитува....