03:24 - 12 март, 2026

(ФОТО) ЕЛЕНА РИСТЕСКА ПОВТОРНО ВО ФОКУСОТ НА ВНИМАНИЕТО: Заедно со Џорџе Давид пејачката ќе биде дел од комисијата на фестивалот „Наше море, наше скале”

Нашата позната поп пејачка Елена Ристеска редовно споделува фотографии на социјалните мрежи од нејзините најнови ангажмани, а последно сподели и информација околу нејзиното жирирање на еден од познатите фестивали во Црна Гора.

На инстаграм – профилот, Елена објави фотографии и видео од официјалната пресконференција која се случуваше во Куќата на Нобеловецот Иво Андриќ.

„Огромна чест ми е да споделам со вас дека сум дел од официјалната комисија за избор на песни и пејачи на фестивалот „Наше море, наше скале” во Херцег Нови, Црна Гора.
Задоволство ми е што заедно со Џорџе Давид и Данијел Алибабиќ ќе ги избираме песните што ќе влезат во потесна селекција за учество на фестивалот кој ќе се одржи во јуни 2022ра година , целосно нова приказна за целата балканска музичка сцена.
На оваа прес конференција јас сум претставник од Македонија, Данијел за Црна Гора и Џорџе Давид за Србија и покрај комисиска улога, имаме и промотерска улога и сме дел од организацијата.
Благодарам за поканата на организаторот “Адриа и Јадран медиска група” со која од денес па натаму ќе имаме одговорна задача да одбереме убава шоу програма на фестивалот.
Јас од црногорските фестивали и црногорската публика ја имам поддршката во кариерата уште од самите почетоци, покрај неколкуте учества ги имам и двете прекрасни награди за “Дебитант на годината” и за “Дует на годината” со Регина, истата година и ден кога бевме и предгрупа на концертот на Ролингстоунс во Будва.
Нека ни е среќно и успешно ова патешествие!

– напиша таа во објавата.

Освен што ја сподели оваа вест со своите следбеници, таа се фотографираше во Подгорица со својот пријател од музичката естрада, Бојан Маровиќ за кој напиша дека „ ѝ е како брат“ и дека ужива во гостопримството во Црна Гора.

 

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....