13:20 - 29 ноември, 2026

(Фото) Дуа Липа мами погледи: Пејачката ја започна роденденската прослава позирајќи во провокативен бел фустан

Дуа Липа вчера на својот инстаграм-профил сподели дека почнала да го слави својот роденден, а нејзиниот фустан привлече најголемо внимание.

Иако пејачката е родена на 22 август, таа одлучи да го започне славењето на својот 30-ти роденден дури 10 дена порано, а за таа пригода се одлучи за предизвикувачка модна комбинација создадена специјално за неа од дизајнерот Симон Порте Жакемус.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

„Рана прослава за роденден на мојот омилен остров со моите омилени луѓе во најубавата облека што ми ја направи Сајмон… Едвај чекам да наполнам 30“, напиша таа во описот на објавата.

Имено, Дуа Липа носеше долг бел фустан со светки, голем отвор од левата страна и гол грб за време на прославата на која присуствуваа нејзиниот вереник Калум Тарнер, блиското семејство и неколку пријатели.

Липа ја дополни креацијата со зашилени бели рамни чевли, впечатливи обетки, дебели сребрени нараквици и светкави прстени.

Кога станува збор за шминка, таа се одлучи за минималистичка шминка, фокусирајќи го целото внимание на нејзината исончана кожа и долга брановидна коса.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova
Се вчитува....