16:16 - 8 ноември, 2026

(Фото) Чизми над колена, мини здолнише: Анастасија Ражнатовиќ ужива во клуб на Ибица со сестрата на Гудељ

Анастасија Ражнатовиќ ужива во бракот со фудбалерот Немања Гудеља, а за нејзината врска со мајката и сестрата на Немања се шпекулира подолго време.

Иако Анастасија еден период не била во добри односи со Оливера и Вања Гудељ, како што неодамна дозна „Блиц“, тие се помириле.

Имено, Анастасија и Немања моментално се на Ибица каде уживаат во одморот и паузата што ја има Немања по деловните обврски, а друштво за време на патувањето им прави и сестрата на Немања, Вања.

Сега Анастасија на својот инстаграм-профил сподели нивна заедничка фотографија од забавата во еден ноќен клуб, а на шпански напиша дека Вања е нејзината ѕвезда.

Тие беа слично облечени, двете носеа кратки здолништа и високи чизми над колена и без сомнение беа изложени на многу погледи во текот на целата вечер.

Да потсетиме, братот на Анастасија, Вељко Ражнатовиќ неодамна проговори за врската на неговата сестра Анастасија и нејзиниот сопруг, фудбалерот Немања Гудељ. Ражнатовиќ истакна дека Гудељ е легенда и откри како се чувствува кога неговата сестра го напуштила семејниот дом и се преселила во Шпанија.

– Презадоволен сум од нејзиниот избор, нејзиниот сопруг е легенда и таму е многу подобро отколку што би била со нас – изјавил Вељко.

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....