10.8 C
Скопје
00:28 - 29 септември, 2026

(Фото) Божиќно патување низ европските метрополи: Кога светилките ѝ намигнуваат на човечката радост

Речиси сите европски метрополи токму овие денови го китат градот со илјадници светилки и божиќни фигури во пресрет на декемвриските празници и Новата година. 
И покрај кризата со енергијата, голем број од градоначалниците на главните градови на Европа, сепак одлучија да не ги скратуваат своите жители од радоста која ја носи токму божиќното блескаво украсување.
Ве водиме со фотогалерија низ некои од веќе украсените градови.
ВИЕНА
Виена блесна во својот божиќен сјај, а веќе се најавени и божиќните пазари по кои е препознатлив градот. Пвеќето од пазарите отвораат токму овој петок.

Па доколку престојувате во преубавата Виена во следниот период, градот веќе објави каде ќе се случуваат божиќните настани, затоа не ја пропуштајте вашата најблиска локација.

📍Museumsquartier: 10.11.2022 – 23.12.2022
📍Stephansplatz: 11.11.2022 – 26.12.2022
📍Michaelerplatz: 11.11.2022 – 26.12.2022
📍Spittelberg: 11.11.2022 – 23.12.2022
📍Am Hof: 11.11.2022 – 23.12.2022
📍Oper: 11.11.2022 – 23.12.2022
📍Altes AKH: 11.11.2022 – 23.12.2022
📍Rathausplatz: 19.11.2022 – 26.12.2022
📍Riesenradplatz: 19.11.2022 – 8.01.2023
📍Karlsplatz: 18.11.2022 – 23.12.2022
📍Maria Theresien Platz: 16.11.2022 – 26.12.2022
📍Schönbrunn: 19.11.2022 – 26.12.2022
📍Belvedere: 18.11.2022 – 26.12.2022
📍 Freyung: 18.11.2022 – 23.12.2022

СТОКХОЛМ
И градоначалникот на Стокхолм не ги разочара своите жители, но и за радост на странците, годинава градот е украсен како во бајка.
Официјалната свечена церемонија за отворање на божиќната сезона ќе се случи на 12 ноември, сабота, во 15 часот во познатиот централен парк Kungsträdgården.
Божиќните светилки во Стокхолм ќе почнат да светат за да осветлат повеќе од 40 улици, места и плоштади во оваа мрачна сезона! – известуваат од градот. Светлечки LED светла и разни украси може да се видат низ целиот град до средината на јануари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visit Stockholm (@visitstockholm)

ЛОНДОН

И Лондон полека се украсува. Официјалното пуштање на голем број светилки низ градот ќе се случува денес и утре, но некои улици се делумно украсени, а секако украсени се и големите стоковни куќи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vienna 🇦🇹 (@vienna_austria)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksandra (@aleks_london_diary)

инстаграм
инстаграм

МИЛАНО

Една од најубавите елки годинава тукушто блесна во Галерија Виторио Емануеле, во градот на модата Милано. Претпоставувате со што е украсена? Со Сваровски кристалчиња.

Слични објави

(Видео) Теа Таировиќ го освојува светот: Хитот „Балканија“ одекна во познатата италијанска кошаркарска арена

Еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ во фустан од 500 евра ги остави сите без здив!

Еспресо

По раскинувањето, Ана Николиќ и Рале се смирија, а се појавија и детали за нивниот договор

Еспресо

„Селски приказни, јас сум машинерија“: Дара Бубамара откри што мислат за неа родителите на нејзиното помладо момче 

Еспресо

(Фото) Кој е новиот дечко на Ела Дворник? Покажа дел од него по долго време

Еспресо

„Сите ме прашуваат дали бил заљубен во Силвана“ – Вдовицата на Тома Здравковиќ разби еден од најголемите митови за неговиот живот

Т.Ц.
Се вчитува....