16.8 C
Скопје
13:07 - 20 април, 2024

„Фајненшел тајмс” избра 25 најмоќни жени во светот: Од Меган Маркл до Сана Марин и Кристијана Аманпур – овие жени го скршија калапот и се изборија за промени во 2022

 „Фајненшл тајмс“ им даде признанија на дваесет и пет жени кои оставиле свој белег во годината што изминува.

Меѓу највлијателните жени во светот во 2022 година според „Фајненшл тајмс“ има писателки, претприемачки, спортистки… Нив ги обединува фактот што го скршија калапот и се изборија за промени. Меѓу жените менаџерки се најдоа Џејн Фрејзер од „Ситигруп“, Карен Линч од „ЦВС Хелт“ (CVS Health), Италијанката Франческа Белетини – извршна директорка на „Ив Сен Лоран“, но и Велшанката Аманда Бланк, извршна директорка на „Авива“.

На списокот е и украинската адвокатка Олександра Матвиичукла која ја предводи организацијата за граѓански права „Центар за граѓански слободи“, наградена со Нобеловата награда за мир. Таа не е единствената Нобеловка меѓу 25-те, тука е и Ани Ерно, француска писателка наградена за литература.

Во категоријата хероини се тенисерката Серена Вилијамс, која годинава ги напушти терените и Сарина Вигман, тренер на англиската женска фудбалска репрезентација. Кетанџи Браун Џексон, првата црна судијка на Врховниот суд на САД, премиерката на Финска, Сана Марин и премиерката на Барбадос, Миа Мотли, потпретседателката на Колумбија Франција Елена Маркез Мина, и пакистанската министерка за климатски промени Шери Реман. На листата е Џејми Фиоре Хигинс, поранешна банкарка во „Голдман Сакс“, која го осуди расизмот и сексизмот на Волстрит во книгата „Були маркет“.

Потоа, Рина Гонои, поранешен војник, која ја разоткри сексуалната злоупотреба на јапонските сили за самоодбрана. Познато е името на Мекензи Скот, филантроп, поранешна сопруга на Џеф Безос, која од 2019 година донирала над 12 милијарди долари на над 1.200 организации кои се занимаваат со родова еднаквост, репродуктивни права и расна правда.

Поради поддршката на Иранките кои протестираат по убиството на Маша Амини зашто неправилно го носела превезот, на листата се најде и легендарната новинарка Кристијана Аманпур.

Креатори е категоријата во која се појавува сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, со неа се малезиската актерка Мишел Јео и режисерката Доме Ши, аниматрока во „Пиксар“ од 2011 година. Тука се музичарката Били Ајлиш, глас на една генерација и Германката Ана Имхоф, уметница опишана од Марина Абрамовиќ: „Имав чувство дека штотуку бев сведок на нешто важно, нешто што во моментов им се случува на луѓето на овој свет“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FT Weekend (@ft_weekend)

Слични објави

Неделен хороскоп, од 22 до 28 април: Среќно небо за Овните, добра вест за Лавовите, љубовни искри за Водолиите…

еспресо

Колегите на водителката Бојана Јанковиќ во шок: Пред смртта била најсреќна личност во светот

еспресо

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во стан, се чека на обдукција на телото

еспресо

Астропрогноза за сабота, 20 април: Вагите да посветат внимание на партнерот, Водолиите да се отворат за нови познанства

еспресо

Личниот живот им „пука“: Три хороскопски знаци наскоро ќе ја изгубат љубовта

еспресо

(Фото) Која е жената со генијален ум која го контролира секој потег на Тејлор Свифт: Не се одвојува од неа и нема свој живот, но затоа има милиони

еспресо
Се вчитува....