14.8 C
Скопје
22:25 - 2 мај, 2024

Ени ги има НАЈГОЛЕМИТЕ ПРИРОДНИ ГРАДИ ВО СВЕТОТ: Тежат 51 килограм, а еве како изгледа нејзиното секојдневие

Американката Ени Хокинс ги има најголемите природни гради во светот кои тежат 51 килограм. Го носи најголемиот градник што некогаш е направен, а нејзиниот обем на градите влезе во Гинисовата книга на рекорди

Ени Хокинс (65) официјално е жената со најголеми природни гради во светот, поради што стана многу популарна. Таа го држи Гинисовиот рекорд повеќе од 13 години. Почнала да носи градник на десет години и оттогаш нејзиниот живот радикално се променил.

Youtube

Ени Хокинс е жителка на Атланта. Веќе во раното детство почнала да носи градник и тогаш сфатила дека е сосема поинаква.

Таа е повлечена личност со ведар дух, но и покрај тоа, поради физичкиот изглед се соочувала со многу непријатни ситуации. Особено тешко и паѓале потсмешливите погледи кога го родила синот.

Двете гради се тешки 51 кг, едната е со големина 109.22 см, додека другата 177,8 см. Таа го носи најголемиот градник што е некогаш направен и неговата големина е околу 102.

Нејзиното секојдневие не е лесно.

Луѓето често имаат негативен став за нешто што е поинакво, но Ени целосно се прифатила себеси и научила да се справува со навредливите коментари за нејзиниот физички изглед.

Youtube

– Кога излегувам од дома, прво морам да размислам каков ќе ми биде денот и кој ќе ме „нападне“. Ми се потсмеваат тие што воопшто не ме познаваат. Ме исмеваат без причина. Јас сум човек како и сите други. Навредите го погодуваат мојот син, бидејќи тој е свесен што зборуваат за неговата мајка – вели Ени и нагласува дека мора да внимава како станува или легнува во кревет за да не се повреди. А не може ниту долго да стои, поради силни болки во рамената.

Сепак, Ени ја искористила нејзината особеност и станала модел под името Норма Стиц.

– Им покажав на луѓето дека можете да бидете секси на свој начин. Ова не е срамота, туку уметност. Немам причина да се срамам – вели за фотографиите сопственичката на најголемите природни гради во светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Norma Stitz Band (@normastitzband)

Таа имала среќен брак со нејзиниот покоен сопруг Алан, кој се однесувал со неа како со кралица.

– Ме сакаше и ги сакаше моите деца. Тој беше мојот ангел, тоа не беше само сексуално. Живеев многу тежок живот додека не го запознав. Навистина мислам дека мојот сопруг беше мојот ангел. Ме научи да се сакам себеси – нагласи Ели.

Ени Хокинс верува дека секое човечко суштество е родено како што Бог одредил и таа целосно го прифатила фактот дека е поинаква.

– Многу луѓе ми зборуваа за операција, обидувајќи се да ме убедат да бидам иста како другите. Мислам дека сум благословена зашто сум поинаква. Таква сум родена и не сакам да се менувам само за да ги исполнам стандардите на општеството. Јас сум една во милион – заклучи таа.

Youtube

Слични објави

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо

„Ете пак…“: Никола Роквиќ доживеа трогателен момент по патот кон Грција

Еспресо

Синовите на Лепа Брена имаат уште по едно име: Стефан го откри неговото вистинско име и на брат му

Еспресо
Се вчитува....