23:58 - 11 ноември, 2026

(ВИДЕО) Американски хирург учествувал НА СУДЕЊЕ преку видео врска ПАРАЛЕЛНО ДОДЕКА ОПЕРИРАЛ!

Здружението на лекари на американската држава Калифорнија најавиле истрага против пластичниот хирург д-р Скот Грин затоа што учествувал во судски процес за време на операција преку видео врска.

На почетокот на судскиот процес за сообраќаен прекршок, д-р Скот Грин учествувал преку видео врска директно од операционата сала, во заштитна хируршка опрема, стоејќи покрај пациент кој паралелно бил опериран, иако надвор од видното поле, сепак во позадината се слушале звуците на медицинските апарати и инструменти.

На прашањето на судскиот службеник кој го видел тоа, дали може да учествува во судењето, д-р Грин одговорил потврдно, дека и покрај тоа што е во операционата сала може да учествува во судењето.

„Само почнете“, кажува тој со наведната глава додека продолжил да оперира.

Кога го тоа видел, судијата, кој подоцна се придружил, се двоумел да го продолжи судењето плашејќи се за пациентот.

Грин одговорил дека нема проблем затоа што има друг хирург во салата „така што додека тој оперира, јас можам да стојам тука“ – пред камерата.

Судијата, сепак, заклучил дека не е соодветно да се спроведе судење во тие околности и одлучил да постави нов датум на сослушување, а хирургот се извинил со објаснување дека „понекогаш операциите не одат според планираното“.

 

Слични објави

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо
Се вчитува....