17.8 C
Скопје
05:34 - 11 септември, 2026

(ВИДЕО) Тројца руски космонаути пристигнаа на Вселенската станица во ЖОЛТО-СИНИ комбинезони

Тркалезната врата се отвора и тројцата космонаути на бродот Сојуз, Русите Олег Артемјев, Денис Матвеев и Сергеј Корсаков влегуваат во Меѓународната вселенска станица пречекани со прегратките на седумте членови на екипажот: сонародниците Антон Каплеров и Пјотр Дубров од Роскосмос, Германецот Матијас Маурер од Европската вселенска агенција и Американците Раја Чари, Томас Машбурн, Кајла Бароу и Марк Ванде Хеи од НАСА.

Новодојденците носат жолти комбинезони со сини дезени, а мислите на многумина веднаш се насочуваат кон боите на украинското знаме.

Вистина е дека на униформите се издвојува уште едно знаме – руското, но да ги видите Артемјев, Матвеев и Корсаков како влегуваат вака облечени, како се прегрнуваат со колегите, прославуваат заедно (Германецот Мауер го слави роденденот), како си разменуваат насмевки и честитки до семејствата во текот на вообичаеното поврзување со рускиот контролен центар, помислувате на сценарио кое изгледа многу далечно од тековниот конфликт на Земјата.

Видеото на Руската вселенска агенција, Роскосмос, го претставува влезот на руските астронаути во вселенската станица.

Ништо не сугерира дека облеката која ја носат е политичка изјава, но сепак, пишува Њујорк Тајмс, изгледа тешко да се поверува дека ова е случајност. Она што е сигурно е дека комбинезоните за летовите обично се подготвуваат и изработуваат месеци однапред.

Портпаролот на Роскосмос пак, пишува: „Ова се боите на Техничкиот универзитет Бауман. Да се ​​види украинското знаме насекаде и во сè е лудост“. Потоа, самиот Артемјев на прес-конференцијата одржана на ISS одговара: „Ние можевме да ја избереме бојата. Но, имавме многу жолта ткаенина и моравме да ја искористиме. Затоа нашите одела се во оваа боја“.

Шега, можеби не баш прикладна, за да се затвори прашањето.

Од почетокот на руската инвазија, ѕвездите и личностите од целиот свет на облеката ги носат боите на украинското знаме за да покажат солидарност и поддршка, но тука се работи за наука.

Тројцата руски космонаути пристигнати на ISS ќе останат во орбитата на шест и пол месечна мисија, во текот на која ќе изведат најмногу седум вселенски прошетки.

Нивните сонародници Антон Шкаплеров и Пјотр Дубров ќе се вратат на Земјата на 30 март со „Сојуз МС-19“ заедно со Американецот Марк Ванде Хеи. Во моментов повратното патување не е доведено во прашање, и покрај тоа што пред неколку недели шефот на руската вселенска агенција Дмитриј Рогозин објави видео-пародија на социјалните мрежи на која се гледа како двајцата руски космонаути се подготвени да се вратат на Земјата оставајќи го Американецот на ISS.

Наместо на жолтите одела, би било убаво да се фокусираме на прегратките меѓу астронаутите, меѓу Русите и Американците кои се надеж, светлина која блеска во темнината на вселената.

Слични објави

Каролина сподели емотивен момент во чест на Владо Јаневски: Цел стадион ја пееше „Црно тиквешко“

apostolova

Наташа Беквалац има ново момче – пејачката „паднала“ на шармот на белградски бизнисмен

Еспресо

Ова не го очеуквав: Македонскиот диџеј Песимал искрено за настапот на Дејвид Гета

apostolova

Харис Џиновиќ повторно за разводот со Мелина — „Мислеше дека има нешто подобро, најверојатно ѝ здосадив“

E.A.

(Фото) „Опстана“: Српскиот пејач Милан Станковиќ со емотивна објава на важен ден

Еспресо

Што значи големата тројка во астрологијата?

Еспресо
Се вчитува....